Комерцијална банка а.д. Скопје ја доби престижната награда "Банка на годината за 2010" во Македонија, од страна на реномираниот економски магазин THE BANKER. Наградата официјално им беше врачена на главниот извршен директор на банката, Хари Костов, и главниот финансов директор, Маја Стевкова - Штериева, на завчерашната церемонија во Лондон. Комерцијална банка петти пат (2001, 2002, 2004, 2005, 2010) е прогласена за Банка на годината за Македонија, од професионалниот светски банкарски и финансиски магазин THE BANKER, издание на групацијата Financial Times, читан во 150 земји во светот. Критериуми за избирање на победниците вклучуваат: поврат на средства на акционери, стратегиски предности во однос на конкуренти, проценти на пораст на капитал, актива и нето-добивка. Повеќе од 500 комерцијални банки се натпреваруваа за наградите.
Комерцијална банка а.д. Скопје ја доби престижната награда "Банка на годината за 2010" во Македонија, од страна на реномираниот економски магазин THE BANKER.
Наградата официјално им беше врачена на главниот извршен директор на банката, Хари Костов, и главниот финансов директор, Маја Стевкова - Штериева, на завчерашната церемонија во Лондон.
Комерцијална банка петти пат (2001, 2002, 2004, 2005, 2010) е прогласена за Банка на годината за Македонија, од професионалниот светски банкарски и финансиски магазин THE BANKER, издание на групацијата Financial Times, читан во 150 земји во светот.
Критериуми за избирање на победниците вклучуваат: поврат на средства на акционери, стратегиски предности во однос на конкуренти, проценти на пораст на капитал, актива и нето-добивка. Повеќе од 500 комерцијални банки се натпреваруваа за наградите.